40 годишна скопјанка осомничена за имама - се претставувала како вработена во МЗШВ
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 40-годишна скопјанка која е осомничена дека сторила кривично дело измама од член 247 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Осомничената, која претходно е осудувана и против која се водат и други постапки за слични кривични дела, соопштија од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, лажно се претставувала како вработена во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, на работна позиција референт.
– Еден оштетен го довела во заблуда со тоа што му ветила дека како вработена во Министерството, со помош на својот претпоставен, ќе му помогне на легален начин да дојде до државно земјиште под закуп кое тој го користел подолг период. За услугата во повеќе наврати од август до сега му побарала и му зела парични средства на рака, во вкупен износ од 210.474 денари, појаснуваат од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија .
Бидејќи постојат околности кои укажуваат дека осомничената би се криела за да го избегне кривичниот прогон, се наведува во соопштението, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Зеленски – папата Лав XIV
-
Притвор за албански државјанин, извршил полов напад врз своја сонародничка во Дебар
-
Завршни зборови во повторениот судскиот процес за пожарот во модуларната болница во Тетово, пресудата на 16 мај
-
Битолчанка со измама добила лична карта и трансакциска сметка од друго лице, и на негово име подигнала брз кредит
-
Приведен кавадарчанец, возел со 2,52 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајна незгода
-
Возеле 160 на место каде што е дозволено 80, уапсени четири лица во гостиварско
-
Променливо и нестабилно време со повремен дожд и во наредните денови
-
Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат