Македонија
24. November 2022 - 12:26

3Д принтер за иноваторите на југоистокот

Сите иноватори и претприемачи од Југоистокот на државата нивните идеи за нови производи ќе може бесплатно да ги реализираат преку центарот за развој на Југоисточниот плански регион. За да го поддржи развојот  на нови иновации,  но и да направи вмрежување помеѓу академијата, бизнис заедницата, НВО и невработените лица центарот набави 3Д опрема која нуди можност за дизајнирање и производство на најразлични 3D производи.

Според експертите, се работи за технологија која зема се поголем замав во светот и станува замена за големи индустриски капацитети, пред се поради намалените трошоци скратеното време за изработка на одреден производ. Не во голем број, но позитивни примери на 3Д принтинг веќе имало и во Македонија.

Поддршката за реализација на новите идеи на младите, но и бизнис секторот се реализира во рамки на проектот ,,Деловен екосистем како интегриран систем - Be In,, финансиран преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и Македонија. Во рамки на овој проект беше набавена и новата 3Д опрема, а како дел од истиот во текот на овој и следниот месец се реализираат и отворени денови за едукација на сите заинтересирани.