37 нови случаи на Ковид-19 во земјава, нема пријавено починати лица
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:
Направени се 649 тестови, а регистрирани се 37 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 27, Штип – 2, Куманово, Битола, Прилеп, Охрид, Струмица, Делчево, Берово и Кратово – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (37), регистрирани се 11 реинфекции.
Регистрирани сe 33 оздравени пациенти од: Скопје – 25, Прилеп и Кавадарци – по 3, Охрид – 2.
Во текот на изминатите 24 часа, нема регистрирани починати лица. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема регистрирани починати лица.
Направени се 649 тестови: ИЈЗ-99, ЦЈЗ Скопје-35, ЦЈЗ Битола-16, ЦЈЗ Прилеп-7, ЦЈЗ Тетово-3, ЦЈЗ Куманово-28, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–0, Институт за микробиологија-33, Жан Митрев (Филип Втори)-3, Авицена-12, Биотек-23, Систина-7, лабораторија Лаор-3, Синлаб-1, Ремедика-7, Плодност-1, Генеа-4, Никоб Лаб-10, ВФВ Медикал-1, Ели Медика Плус-1, Спектра-ММ-0, Рапид Лаб–1, Жан Митрев Струмица–0, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-3, ПЗУ ГМ Лаб-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 351.
Досега во земјата се направени вкупно 2.181.271 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 343.964, бројот на оздравени пациенти е 334.162, на починати е 9.561, а бројот на активни случаи изнесува 241.
Ново на Сител
-
Стерјовски од Корча: Овде сме да го одбраниме нашиот идентитет и да изградиме поцврста основа за иднината на Македонците во Албанија
-
Општина Центар: Во тек е голема акција, се чисти на шест локации
-
УЈП: Пад на прометот за 22,12% во четвртокот и петокот кај осумте поголеми ланци на маркети во земјава
-
Нова серија земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос
-
570 возачи казнети во Скопје: 150 за брзо возење, 22 без возачка, 4 возеле со забрана
-
Ѓорѓиевски: Ако станам кандидат за градоначалник на Скопје, очекувам победа во првиот круг
-
Балтичките земји се исклучуваат од руската електро-мрежа
-
Хамас ослободи уште тројца заложници, се очекува пуштање на 183 Палестинци од израелски затвори