37-годишен кавадарчанец тешко повреден при пад од кров
Триесет и седумгодишен кавадарчанец попладнево се здобил со тешки повреди откако паднал од стар кров на производствена хала која била во фаза на реновирање. Оваа информација за МИА ја потврди доктор Дано Кулев, дежурен хирург при хируршкото одделение на Општа болница со проширена дејност Кавадарци.
– При падот, тој се здобил со тешки повреди на двете колена, главата и вратот. Направивме рентген снимки на колената и вратната кичма и констатирана е политраума, скршеници на двете чашки на колената. Потребно е да се изврши компјутерско снимање на главата и вратната кичма и оперативен зафат на колената. Му дадовме инфузиона терапија и со сите неопходни припреми и заедно со придружба од медицинска сестра, го упативме на клиниката за трауматологија во Скопје, појасни Кулев.
Тој нагласи дека во Скопје неопходно е да се изврши оперативен зафат на фрактурите и компјутерско доиспитување на останатите повреди на вратот и главата.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
