Македонија
10. July 2015 - 16:38

36 годишна жена загина во сообраќајка кај Сарамзалино

Тешка сообраќајна несреќа, со една жртва, се случи синоќа на патот Штип Велес. До трагичниот настан дошло вчеравечер околу 15 минути до 22 часот во близина на с. Сарамзалино, каде се врши реконструкција на патот.

Во несреќата учествувало само едно патничко моторно возило марка Хјундаи, управувано од 38 годишен кочанчанец кој во еден момент ја изгубил контролата врз автомобилот.

-Од засега непознати причини дошло до излетување од патот и превртување. Во незгодата на лице место починало женско лице сопатник во возилот-изјави Гордана Панајотова- портпарол на СВР – Штип

На лице место загина 36 годишната Жаклина А. од Виница. Виозачот на автомобилот се здобил со  телесни повреди и веднаш е пренесен во штипската клиничка болница.

Патниот правец од с. Кадрифаково до Велес се реконструира, а сообраќајот на повеќе места се пренасочува по импровизирани патеки. Од тие причини од полицијата апелираат внимателност при возењето и будно следење на сообраќајната сигнализација.