348 санкционирани возачи во Скопје, 61 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (26.10.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 348 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, 31 мерка за возење без возачка дозвола, 16 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, соопшти МВР.
Изречени се 26 мерки за користење мобилен телефон при возење, 31 санкција за некористење сигурносен појас, девет мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и да се придонесе за посигурни патишта.
Ново на Сител
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
-

Питачењето како феномен за кој се бара решение
-

Недостиг од кадар во угостителкиот сектор
