-->
-->
34-годишник од Кавадарци осомничен за кражби
-->
Полициски службеници од ОВР Кавадарци вчера во 16 часот во Кавадарци го лишиле од слобода 34-годишниот кавадарчанец К.М.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, тој е осомничен дека во периодот од 15 август 2023 до 19 септември 2023 од магацин на продажен објект на мобилен оператор во Кавадарци одзел повеќе предмети.
-При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени дел од одземените предмети, други предмети кои потекнуваат од кривичното дело и пари, информира МВР.
К.М. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Иран започна петти бран воздушни напади врз Израел, најави удари и на американските бази на Блискиот Исток
-
Уште една држава се придружи во БРИКС - Виетнам стана „земја партнер“
-
Го следеле, нападнале и му одзеле илјадници денари- Двајца осомничени за разбојништво
-
Сиљановска-Давкова прими американски и македонски професори кои соработуваат во областа на археологијата
-
Расте јазот меѓу богатите и сиромашните во Европа: Шведска е најнеправедна според распределбата на богатството
-
Иран и Израел продолжуваат со меѓусебните напади, нема знаци за деескалација
-
Гутереш повика на итна деескалација на тензиите меѓу Израел и Иран
-
Пронајден исчезнатиот Владимир од Штип