34- годишен полицаец загина откако товарен воз удрил во службеното возило на железнички премин
34- годишниот Али Бектеши, полициски службеник од полициската станица Гази Баба загина откако во службениот автомобил удрил товарен воз на Македонски железници. Несреќата се случила околу 6 часот утринава на железничкиот премин во населбата Хиподром. Бектеши починал веднаш по ударот, а неговото безживотно тело било извадено со помош на екипи од против пожарната служба.
Истрагата за случајот ја води јавното обвинителство, кое треба да одговори како дошло до несреќата.
- Според првичните информации, несреќата се случила кога товарен воз кој се движел од граничниот премин Табановце кон Скопје – југ (Железара), удрил во патничко моторно возило Фолксваген Венто, сопственост на Министерството за внатрешни работи, велат од обвинителството
Жителите на Хиподром велат дека често се сведоци на вакви несреќи, најмногу поради лошата сигнализација, но и начинот на кој е обезбеден преминот.
Додека траеше увидот сообраќајот на местото на несреќата се одвиваше отежнато, но возила беа пропуштани во двата правци.
-
Димитар Бабалков
Сите содржини од овој новинар