Македонија
1. January 2021 - 10:31

322 санкции за неносење маска во текот на изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие (31.12.2020/01.01.2021) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 322 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со Ковид-19.