-->
-->
31 годишник бранејќи се од дива свиња се самозастрелал во штипско
-->
Ловџијата И.К., 31-годишен, вчера несреќно го загубил животот во атарот на селата Лесковица и Пиперово, пренесува штипската телевизија Стар.
Според неговиот татко несреќата се случила во момент кога И.К. бил нападнат од дива свиња, додека ги напасувал кравите. При пукањето тој се самоповредил. Неговиот татко го пронашол во бессознание. Тој го пријавил случајот на бројот за итни повици 112.
Подоцна итната медицинска помош констатирала смрт.
Полицијата вчера информираше дека во атарот на штипското село Пиперово е пронајдено безживотно тело на млад маж, со прострелна рана.
Што се случило на местото каде што е пронајден, дополнително ќе се утврдува.
Истрагата е во тек, а врз починатиот е извршена обдукација.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Македонија загуби од Литванија иако Димитријевиќ постигна 43 поени
-
Најмалку шест луѓе загинаа во вооружен инцидент во ноќен клуб во Мексико
-
Песков: Бајден ги саботира мировните планови на Трамп за Украина
-
Два вооружени грабежи на Бит Пазар во еден ден
-
Уапсено уште едно лице поради уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад
-
Пронајдени 14 мигранти во Кумановско, од кои четворица малолетни
-
Силекс се искачи на врвот на табелата
-
До крајот на денов сончево со мала локална облачност