Македонија
2. December 2021 - 12:06

31 годишен гостиварец приведен, поради сомннение дека извршил тешки кражби

31 годишен маж од гостиварско бил приведен во текот на вчерашниот ден под сомнение дека извршил три тешки кражби.

На 01.12.2021 во 09.45 часот во Неготино, полошко, полициски службеници на СВР Тетово - Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле Н.Ќ.(31) од гостиварско Ѓурѓевиште, поради сомнение дека извршил три тешки кражби во продавници во Неготино, полошко. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и со него бил извршен службен разговор. Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.