Македонија
27. December 2017 - 19:34
300.00 денари од Фондот за иновации за ученички проекти
Награден фонд од 300.000 денари е предвиден за најуспешните училишни тимови кои ќе се вклучат во проектот „Предизвик за млади истражувачи“, кој за прв пат го реализира Фондот за иновации и технолошки развој заедно со Министерството за образование, а кој денеска беше презентиран во Прилеп.
Истражувачките трудови на учениците треба да бидат од областите на природните и техничките науки.
Рокот за аплицирање со истражувачките трудови ќе трае до 15-ти февруари, по што специјално формираната стручна Комисија од МО и од ФИТР ќе ги оценува.
Со овој проект опфатени се сите основни и средни училишта од земјава.
-
Каролина Дурло
Сите содржини од овој новинар
-->
-->