-->
-->
27-годишно момче повредено во престрелка во Гази Баба
-->

Повредениот во престрелката е 27 годишно момче кое попладнево околу 15 и 30 часот е примено во Клиника за хирушки болести „ Св. Наум Охридски“.
Како што дознава Сител, момчето било пренесено со црн автомобил марка Голф до болницата, откако го оставил ранетиот, возачот на Голфот ја напуштил болницата.
Според информациите на болницата момчето имало прострелна рана во пределот на стомакот и моментално е хоспитализиран на одделот на интензивна нега и се прават сите неопходни испитувања по што дежурниот лекарски тим ќе одлучи за понатамошниот третман на пациентот.
За потсетување, вооружена престрелка се случи попладнево на улица Ордан Чопела во Скопје.
Александар Динев
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нема обвинети за модуларните болници - набавките биле законски, буџетот не бил оштетен
-

Санкционирањето на странци преку Сејф сити создаде километарски колони на Табановце
-

Четири нови случаи со западнонилска треска во Скопје - бројката на инфицирани достигна 42-ца
-

Пожарот во Мариово се уште критичен, активни се уште 7
-

ДУИ бара предвремени избори
-

Амбасадорскиот совет: ЕУ интеграција, заштита на националните интереси и економска дипломатија
-

И годинава ќе има „училишна кошничка“: Владата ќе го спречува поскапувањето на школскиот прибор
-

Кочоска: Голем простор во буџетот за дополнителни мерка нема
