Македонија
31. October 2020 - 17:11

27-годишно момче од Куманово почина од Ковид-19 на Инфективната клиника во Скопје

27-годишно момче од Куманово почина на инфективната клиника во Скопје. Пациентот немал претходни заболувања велат од МЗ освен покачена телесна тежина. Бил префрлен во Скопје поради нагло влошување на состојбата.

„Пред да биде донесен на Клиниката, 6 дена се лекувал дома, 4 дена бил под надзор на матичен лекар, а 2 дена бил лекуван амбулантски во Кумановската болница. Поради нагло влошување на состојбата и пад на сатурацијата до 50% пациентот е префрлен на Клиниката во Скопје во исклучително тешка состојба, каде беше ставен на неинванзивна вентилација.“

Инфективното одделение во Куманово е полно, за прием на пациенти се адаптира поранешното одделение на неврологија за дополнителни 20 места.

Полни се клиниките и во главниот град. Министерот најави отворање на дополнителни одделенија како ковид центри. Едно од тие кои треба да лекуваат пациенти е Институтот за белодробни заболувања. Директорот За сител вели дека се уште не добиле наредба за да почнат со прием на пациенти како ковид центар каде има капацитет за 50 лица.

„Во моментов имаме двајца пациенти во изолираниот оддел кои ги третираме бидејќи се позитивни на ковид19. Сеуште не сме почнале да примаме пациенти како Ковид центар, чекаме наредба од министерството. “

На Инфективната клиника вчера биле примени 10 пациенти а вкупно хоспитализирани се 158.

На кислородна поддршка се 113 пациенти. Во болницата во Козле се лекуват 6 позитивни и уште 6 суспектни деца и 18 возрасни суспектни и позитивни на вирусот.

Во 8ми септември има 11 приеми и вкупно 57 хоспитализирани од кои 2 пациенти на респираторна машина.

Во внатрешноста најголем број пациенти кои се лекуваат во болнички услови се во Битола 67, Штип 51 каде вчера починале тројца пациенти од кои само еден имал позитивен тест. . Во велешката болница остануваат уште 7 слободни кревети за згрижување на ковид пациенти.