Македонија
29. November 2016 - 16:44

2,6 милиони дрвца ќе бидат засадени при утрешната акција "Ден на дрвото"

2 милиони и 600-тини илјади садници на површина од 556 хектари ќе бидат пошумени на целата територија на Македонија во утрешната, 17. акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“. 1 милион садници се обезбедени за Градот Скопје  од кои 256 илјади ќе бидат посадени долж булеварите, кејот, парковите, помеѓу зградите, како и покрај обиколницата.

Акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“ започна во 2008 година. Во досегашните 16 акции пошумени се речиси 13.000 хектари со над 35 милиони садници.

Утрешниот ден е неработен, освен за здравствените институции. додека градинките ќе работат со вообичаеното работно време.