-->
-->
26-годишен кавадарчанец почина од Ковид-19
-->
Почина дваесет и шестгодишен кавадарчанец на Клиниката за инфективни болести.
-Дваесет и шест годишниот пациент од Кавадарци бил хоспитализиран на Клиниката на инфективни болести и фебрилни состојби од 25 октомври. Тој имал апластична анемија и бил со тешка клиничка слика на неинвазивна вентилација со прогресивно влошување на здравствената состојба, стои во писмениот одговор до МИА од Одделение за односи со јавноста при Министерство за здравство.
Според неофицијални извори блиски до момчето, дознаваме дека тој бил позитивен на коронавирус. Од нив исто така дознавме дека на клиника се лекувал и неговиот брат. Таткото на двајцата браќа се лекувал во домашни услови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Со 20.000 евра казнета фирмата чиј камион нелегално исфрлаше шут во скопски Аеродром
-

Бугарската министерка до Муцунски: Почитување на договореното за отворање на Европскиот пат
-

Тема на денот со Никица Мојсоска Блажевски, извршна директорка на „Македонија 2025“
-

Укинување на доживотниот затвор бараат осудените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски
-

Ниту еден од 13-те полицајци не се чувствува виновен за трагедијата во „Пулс“
-

ЕУ разгледува можност за постепено интегрирање, Муцунски бара да нема билатеризација
-

Опозицијата обвини за блокади - Власта за предавство
-

Од полноќ дизелот поевтинува за 4 денари
