258 санкционирани возачи во Скопје, 59 за брзо возење

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (30.06.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 258 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции, 18 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за управување возило под дејство на алкохол, осум мерки за прекршоци што ги чинат возачи на моторцикли.
Изречени се седум санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, 16 санкции за користење мобилен телефон при управување возило, девет мерки за некористење сигурносен појас...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-

Најдобро место за преселба: Просечната месечна плата во Лихтенштајн е 8.249 евра
-

Убиство во Битола: Маж си ја уби 31-годишната сопруга
-

Македонскиот извоз на фудбалери меѓу Топ 50 во светски рамки
-

Во израелски напади врз Либан загинаа 22 лица, од кои осум деца
-

Повторно пожар на депонијата „Краста“ во кумановско
-

Француските обвинители бараат седум години затвор за Никола Саркози
-

Речиси 77 проценти од домаќинствата во ЕУ се без деца
-

Најсвежо на Попова Шапка, најтопло во Гевгелија
