-->
-->
255 санкционирани возачи во Скопје во текот на вчерашниот ден
-->
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.10.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 255 санкции, меѓу кои за возење без возачка дозвола 12 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење 58 прекршоци, 13 технички неисправни и нерегистрирани возила и 4 мотоциклисти. Изречени се 86 мерки за непрописно паркирање и 68 возила подигнати со „пајак“, 25 санкционирани пешаци и 26 казни за неносење на заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Приговорот на ЕСМ е доказ дека Коларевиќ и Абази постапиле непрофесионално
-

Во младите е клучот за развој на турзимот
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Односите меѓу Кина и Русија во нова фаза на побрз развој; Путин: Нашето партнерство е за пример
-

Устен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 65,7 милиони евра од планот за раст на Македонија
