25 годишно лице барано со потерница, дивеел по патиштата и пробувал да згази полицајци

На 13.06.2020 во 01.50 часот во Прилеп, на ул.„Браќа Миладиновци“ од страна на полициски службеници е пријавено дека возач на патничко возило „пежо“, со прилепски регистарски ознаки, не почитувал наредба и не застанал на покажан знак за сопирање. По ова, полициските службеници го следеле по улицата кон интернатот, каде што било поставено службено полициско возило „шевролет спарк“, со светлосен знак „стоп“, управувано од полициски службеник, а паркирано на физички одвоената лента со крстосница „Прилепски бранители“.
Но, лицето кое го управувало возилото се упатило кон полицискиот службеник, со цел да го прегази, по што полицискиот службеник, избегнувајќи го ударот, отскокнала кон тротоарот и паднала. Возилото „пежо“ продолжило со движење по ул.„Прилепски бригади“ кон Варош, потоа на магистралниот пат Прилеп-Македонски Брод каде, исто така, на даден знак „стоп“ не застанало, туку со голема брзина се упатило кон друг полициски службеник, со намера да го прегази. По кратко време, возилото било стопирано на земјениот пат од Варош кон Градските гробишта, и бил лишен од слобода А.Т.(25), кој се барал по потерница за издржување на затворска казна изаедно со неговите сопатници Г.Ц. (35) и Б.Р. (28) биле приведени во Полициската станица Прилеп. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, по што ќе следат соодветни поднесоци.
Ново на Сител
-

Од ССКМ бараат транспарентна истрага и нулта толеранција за нелегални медицински практики
-

Иранскиот министер за надворешни работи Арагчи се сретна со пакистански претставници во Исламабад
-

Поднесена кривична пријава за бесправно градење и узурпација на недвижности во Кочани
-

Две лица, меѓу нив судски полицаец, под истрага за примање награда за противзаконито влијание
-

58-годишник од Скопје силувал 13-годишно девојче
-

Николоски: Автопатот Кичево - Охрид е веќе при крај
-

Обезбедени се 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи низ државата
-

Трамп: Иран ќе даде понуда насочена кон исполнување на барањата на САД
