Македонија
1. August 2023 - 14:02

25-годишниот Мусли Весели е загинатото момче во вчерашната сообраќајна несреќа во Бутел

Во синоќешната страотна сообраќајна несреќа во скопската населба Бутел загина пешак при судир на два автомобили на крстосницата на булеварите „Босна и Херцеговина“ и улицата „Словенечка“ со „Македонско-косовска ударна бригада“.

Како што објавија повеќе медиуми, во несреќата загинал Мусли Весели.

Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде им подлегнал на повредите. Смртта била констатирана од лекар во Ургентниот центар.