239 санкционирани возачи во Скопје, 113 за брзо возење
Во текот на вчерашниот ден (26.08.2023) СВР Скопје продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 239 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 113 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за управување под дејство на алкохол, шест санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се две мерки за минување на затворен сигнал - црвено светло, две санкции за користење на мобилен телефон при возење, девет мерки за некористење на сигурносен појас....
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
МВР откри терористичка ќелија која организирала напади во Македонија и регионот
-
Политички кризи предизвик за новинарите
-
Интеграциите во НАТО низ призма на новинарите
-
Патот на Македонија кон ЕУ низ призмата на Сител
-
Трагедии, храброст и вистина низ призмата на новинарството
-
Регионалните кризи - посебен новинарски предизвик
-
Новинарството под маски и визири во Ковид кризата
-
Од битка за срце до зумба часови - хуманата страна на новинарството