-->
-->
231 санкционирани возачи во Скопје, 64 за брзо возење
-->

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (31.08.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 231 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 64 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се 16 санкции за користење на мобилен телефон при возење, 11 мерки за некористење на сигурносен појас, шест санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло....
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

31 година од атентатот врз Киро Глигоров - сè уште без одговор кој стоел зад нападот
-

Сончево со мала до умерена облачност и студено утро
-

Г7 пушта до 100 милиони барели нафта и дизел од резервите за да ги намали цените
-

Од декември построги услови за кредит
-

Македонците со минимална плата можат да купат 19% повеќе храна од пред пет години
-

Директор на „Државна лотарија“ на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами
-

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на скопскиот аеродром
-

Мицкоски: Вештачката интелигенција е технологија на сегашноста, Македонија треба да биде активен учесник
