Македонија
8. September 2017 - 16:07

23- годишно момче пронајдено мртво во стан зафатен од пожар во скопски Аеродром

23- годишно момче го загуби животот во пожар кој избувнал во неговиот стан. Трагедијата се случила рано утринава пред три часот во зграда на булеварот Јане Сандански во населбата Аеродром.

Пожарот во станот на четвртиот кат, први го забележале соседите. Ги разбудил густиот чад. Тие интервенирале веднаш а многу брзо пристигнала и противпожарната бригада.

И покрај заедничките напори во гасењето, 23 годишниот скопјанец не го преживеал пожарот.

Според изјави на станарите кои не сакаа да говорат јавно, при извелкувањето на безживотно тело на 23 годишникот, врз неговот тело немало изгореници. 

Од МВР велат дека истрагата ќе утврди дали момчето починало од задушување со чад или пак смртта настапила претходно..

Момчето моментално живеело само. Неговите соседи велат дека во домот често пати имало недоразбрирања поради што неодмна се отселиле неговите мајка и сестра.. Станарите кои го познавале 23 годишникот велат дека во изминатиот период, момчето имало невообичаено однесување, се сомневаат дека почнало да се дрогира.

Од полицијата велат дека по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција која треба да открие како настапила смртта..

Инаку во гасењето на пожарот учествувале две противпожарни возила со осуммина пожарникари.