23-годишната девојка која беше прегазена на пешачки кај Партизанска се уште се бори за живот
Ангела Ќ. (23) од Прилеп, која завчера вечерта беше прегазена од автомобил додека го преминувала булеварот Партизански одреди на пешачки премин, с` уште се бори за живот во скопскиот Ургентен центар.
Според полицијата, сообраќајката се случила во 22 часот на крстосницата од булеварот Kлимент Охридски и улицата Орце Николов. Автомобил „голф“ управуван од Љ.С. (32) од Скопје, удрил во Ангела Ќ. Од ударот Ангела се здобила со тешки повреди по што веднаш била однесена во Ургентниот центар.
Лекарите констатирале тешки повреди, односно внатрешно крвавење во главата, фрактура на черепот, фрактури на десната потколеница и десното рамо. Врз девојката била извршена хируршка интервенција и е во животна опасност.
Полицијата извршила увид на местото на настанот, по што ќе бидат познати причините како се случила сообраќајката, односно кој ја предизвикал.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток