Македонија
29. August 2015 - 16:35

22.600 правачиња ќе седнат во училишните клупи

Од безгрижи игри до норми, правила, начин на однесување. Стартот на учебната година најстресен  за првоодлеленците. Учениците се соочуваат со потполно нова средина за која е потребен период на адаптација. Клучен фактор во прилагодувањето имаат наставниците.

Социолозите предупредуваат , тие пред се да внимааваат на процесот на воспитување а потоа на образување.  Наставницте се тие кои ги поставуваат а децата треба да ги прифатат новите правила на живот.

-Наставниците се многу значајнио личности во животот на детето и тие се модел на идентификација и имитација кој што подоцна ќе се развијат кај самото проводдленче, затоа е многу значаен нивниот пристап, вели Татјана Стојановска Иванова- социолог.

Прилагодувањето оди се потешко затоа што во поново време има демократски начин на воспитување на децата. Ситуации во кои се им е дозволено  од родителите. Анархичното однесување е проблем за наставниците.

-Родителите се тие кои треба да ги постават границите, до каде може да се оди и што да се бара, во спротивно кога детето ќе се сретне со прабила во училиштето доажа до конфликт во самата личност, додава Татјана Стојановска 

Според Полесно се прилагодуваат децата кои претходно оделе во градинка  а нјголем проблем на адапрација имаат оние кои се најпривразани со мајките, сметаат психолозите.

-Мајките не ги пуштиле навреме пилињата да летнат од своето гнездо, и онаа нивна желба да ги гледаат, да ги слушнат да ги прашаат, уште повеќе ја поттикнуваат нивната несигурност која е продуцирана од новите ситуации, вели Дијана Белевска-психолог

Оваа година за прв пат во училишните клупи ќе седнат  22 600 првачиња.