220 санкционирани возачи во Скопје: 92 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 220 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 92 санкции, 21 мерка за возење без возачка дозвола, девет санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се осум мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум мерки за некористење сигурносен појас, седум санкции за непрописно престигнување и обиколување...
Засилените акциски контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
-

СДСМ: Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион?
-

Подготвени измените на законот за нефер трговија
