22 годишник уценувал девојка, ако не му исплати пари дека ќе објави компромитирачки фотографии и видеа
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 22-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „уцена“.
Осомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, преку социјални мрежи стапил во контакт со 20-годишна скопјанка, на која лажно и се претставил, а потоа подолг временски период ја уценувал дека доколку не му исплати 300 евра, ќе објави
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 22-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело „уцена“.
Осомничениот, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, преку социјални мрежи стапил во контакт со 20-годишна скопјанка, на која лажно и се претставил, а потоа подолг временски период ја уценувал дека доколку не му исплати 300 евра, ќе објави компромитирачки фотографии и видеа за неа.
Таа му платила 150 евра, но тој продолжил секојдневно да ја уценува, по што го пријавила случајот. На договорено примопредавање на дел од парите осомничениот бил затекнат и лишен од слобода.
Одредени му се мерки на претпазливост односно забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено во судот, привремено му е одземена патната исправа и има забрана за издавање нова, забрана за приближување и воспоставување контакти со оштетената, како и забрана за користење на социјалните мрежи преку кои го сторил делото.
и видеа за неа.

Ново на Сител
-
Повеќе од 35 проценти од училиштата во Србија утре нема да почнат со настава
-
Ѓоковиќ го повтори достигнувањето на Федерер на Грен слем турнирите
-
Смотрич се закани дека ќе ја собори владата доколку Израел не ја окупира Газа
-
Илија Мелоски го фати Светиот крст во Кисела Вода
-
Муртезани во Киев: Северна Македонија поддржува решенија за мир и стабилност преку заеднички напори со стратешките партнери
-
Томче Голабоски го фати светиот крст во водите на Црн Дрим во Струга
-
Наредните денови облачно, од вторник локални врнежи од дожд на пониските и снег на повисоките места
-
Дрога, пари, пиштол, еве што пронајде полицијата кај Раде Штекли | ФОТО