Македонија
30. January 2025 - 9:37

22-годишна девојка усмртена кај „Силбо“, ја прегазил 20-годишник

22-годишна девојка од Скопје починала откако била удрена од автомобил на булеварот „Партизански одреди“ кај Силбо.

Тешката сообраќајка се случила вчера во 23:43 часот, а според полициските извештаи автомобил „пежо 207“ со скопски регистарски ознаки, управуван од В.Ј. (20) од Скопје, удрил во пешакот Ф.К. (22) од Скопје.

-Од здобиените повреди на местото на несреќата починала Ф.К., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршиле увидна екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција, велат од МВР.

Возачот В.Ј. бил лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.