-->
-->
22-годишик убиен во Нов Белград - славел Стара нова година во стан, па татко му го пронашол во локва крв
-->
22-годишниот И.Т. кој синоќа бил тешко ранет почина во Ургентниот центар во Белград како последица од прободување, а неговиот татко го пронашол на плочник пред зграда во Нов Белград.
Момчето, кое во тој момент давало знаци на живот, префрлено било со приватен автомобил во Ургентниот центар, но половина час подоцна дежурната екипа констатирала смрт.
Според првите информации од истрагата И.Т. имал убодни рани во пределот на главата.
И.Т. според неофицијални информации вечерта ја поминал во еден стан во Нов Белград каде наводно била организирана забава по повод прослава на стара Нова година.
Засега не е познато што се случувало на забавата и како момчето се здобило со убодните рани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со отец Горан Стојчевски
-
Верниците го слават Велигден, црквата со порака за национално обединување и надминување на разногласијата
-
Со биење на камбаните најавено Христовото воскресение во Охрид
-
Вообичаен број интервенции на скопската Брза помош за продолжениот празничен викенд
-
Ден на македонскиот јазик
-
Групацијата за осигурување во вторник носи одлука дали ќе ги врати парите за полисите на граѓаните кои платија поскапо
-
Политичарите испратија пораки за мир и спокој на Велигден
-
Парламентарни избори 2024