Македонија
5. July 2021 - 8:29

22-годишен скопјанец загина во сообраќајна несреќа на Халкидики

22-годишно момче од Скопје загина во сообраќајна несреќа што се случила вчера наутро околу 06.30 часот по локално време во познатото грчко летувалиште Халкидики, објави грчкиот портал, „Halkidikinews“.

Сообраќајна несреќа се случила на патот Полихроно – Ханиоти.

22-годишниот возач, кој се движел кон Полихроно, под неразјаснети околности изгубил контрола над својот автомобил и се превртел.

Младиот човек кој дошол на годишен одмор на Халкидики, починал веднаш на местото на несреќата.

Неговиот 21-годишен совозач со повреди бил пренесен во болница.