21 санкции за возење под дејство на алкохол на територија на СВР Тетово
Вo текот на изминатата ноќ (24/25 февруари) од 22 до 4 часот, полициски службеници на СВР Тетово спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи што ги управуваат возилата под дејство на алкохол. При контролата е санкциониран 21 возач (ТЕ-14 и ГВ-7).
Сите возачи-прекршители веднаш се исклучени од сообраќај и изготвени им се соодветни поднесоци со парични глоби кои се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност.Покрај ова, времено ќе им бидат одземени и нивните возачки дозволи од три месеци до една година.
Во акциската контрола санкционирани, исто така, биле и 25 други видови сообраќајни прекршоци ( ТЕ-18 ГВ-5). Секторот за внатрешни работи Тетово ќе продолжи со вакви контроли и во наредниот период, а од МВР до возачите апелираат да не управуваат возило доколку консумирале алкохол. Со тоа, тие најнепосредно ќе придонесат за сопствената и за вкупната безбедност во сообраќајот.
Ново на Сител
-
ТОАРИЛУЦ прави чести и ненајавени контроли на воздухот во операционите сали
-
„Вреди“ не попушта – паралелна Aлбанска Академија на науки и уметности ќе има
-
Kредитите за пругата кон Бугарија не може да се пренаменат, кажа министерката за финансии
-
Македонија транзит земја за евтина работна сила
-
Во битка со институциите - патот до надоместок за туѓа нега
-
Имами од Тетово бараат повлекување на разрешувањето на муфтијата Ќани Несими
-
Прес-конференција на ВЛЕН
-
Охрид преполн со гости