21 годишен тетовец со месеци ја држел својата жена во соба и секојдневно ја тепал

21-годишен тетовец ја држел својата 19-годишна жена, со која бил во вонбрачна заедница, заклучена во една соба и секој ден ја тепал.
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против насилникот.
„Почнувајќи од декември 2022 година, осомничениот вршел семејно насилство врз 19-годишна жена со која живеел во вонбрачна заедница. Жртвата подолг временски период ја држел заклучена во една соба и секојдневно физички ја малтретирал нанесувајќи многу телесни повреди. Жената искористила можност кога во еден момент осомничениот ја заборавил отклучена вратата, успеала да побегне и настанот го пријавила во полиција“.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор. Судијата го прифати предлогот на Обвинителството и со решение му определи притвор на осомничениот во траење од осум дена.
Ново на Сител
-

Протест на пелагониските земјоделци – „Државата ни должи 70 милиони евра“
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги блокира реформите
-

Одложено судењето за измами во ИПАРД програмата
-

Прилепскиот општински штаб за заштита и спасување активно се подготвува за сезоната на пожари
-

Бројните настани привлекуваат посетители
-

До септември ќе биде готов проектот за наколната населба и музејот на вода во Дојран
-

Преглед на вестите од светот
