-->
-->
21- годишен џихадист силувал над 200 жени и не чувствува грижа на совест
-->
21- годишниот Амар Хусеин, уапсен член на ИСИЛ, вели дека секој ден чита од Куранот, бидејќи тој сака да стане подобра личност. Во исто време, тој признава дека силувал повеќе од 200 жени во Ирак и не чувствува каење.
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/teaser-images/2017/february/3ce4b124ff4a09833a13-105484.jpeg?itok=k2IjhCMS)
Сето ова го изјавил за Ројтерс. Новинарите успеале да добијат дозвола да разговара со него и со уште еден милитант уапсен во октомври, пишува Метро.
Тој тврди дека во неколку градови во Ирак, одел од куќа до куќа и ги силувал језидските жени и припадници на другите малцинства во време кога ИСИЛ ја презеде контролата од страна на ирачка територија. Курдските безбедносни претставници велат дека имаат докази за силувањата и убиствата на Хусеин.
Уште од 2013 година,откако се приклучил на Исламската држава, Хусеин убил околу 500 луѓе.
-Пукавме и сечевме глави кога и каде и да требаше- вели тој
-По седум, осум па дури и девет илјади дуге понекоаш, ќе ги одведевме во пустина,ќе им ги врзевме рацете и очите и ќе им пукавме во глава, тоа ни беше секојдневие- Рекол Хусеин
Иако убивал и силувал тој себеси се доживува како жртва, зошто потекнува од многу сиромашно семејство од Мошул.
-Немав пари, никој да ми каже што е правилно а што погрешно,немаше ни работа а и тие малку пријатели кои ги имав никогаш не ме советуваат- изјавил тој
Хусеин, денес има 21 години, а членовите на ИСИС го регрутирале кога тој имал само 14 години и тврди дека локалниот свештеник, е причината за интерес за учество во терористичката организација Ал Каеда, а потоа на ИСИЛ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешко повредено едно лице откако со возило удрило во паркиран автомобил во Неготино
-
Осум години од поплавите во Скопско во кои загинаа 22 лица
-
25 нови случаи на голема кашлица за една недела, тројца од нив се хоспитализирани
-
Спречен обид за шверц на патики, цигари и рачен алат
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 23 пожари на отворено, три сѐ уште активни
-
На српски туристи им се запалил автомобилот кај Гевгелија: „За 2 минути изгоре цел“
-
Запалил сува трева во двор по што пожарот се прошилил, приведен 54-годишник во прилепско
-
Биткоинот падна за 13% - Слободен пад на пазарот на криптовалути