21 година по 11 септември - Дали светот е побезбеден?
11 септември го прекрои светот. Глобално, последиците од терористичките напади во САД се чувствуваат и денес, 21 година по настанот кој ја шокираше планетата.
Според аналитичарите, нападите донесоа ново прегрупирање на геополитичката мапа и нови односи меѓу главните играчи, кои две децении потоа кулминираа со руската воена агресија врз Украина.
Војната во Украина има потенцијал да предизвика слични тектонски бранувања во светот како и 11 септември, смета Атанасовски, иако станува збор за различен настан и побуди.
Терористичките напади во САД во 2001-та целосно ја нарушија тогашната безбедносна архитектура, која сега само се продлабочи со руската агресија, вели анализата.
Нападите во САД пред 21 година го воведоа светот во страв од брутален тероризам.
Земјите драстично ги зголемија своите одбранбени буџети, но, вели Атанасовски, опасноста од ваков голем атак не е исклучена ниту денес, а за тоа сведочат и голем број на апсења на терористички келии во западните земји.
Во нападите врз Њујорк и Пентагон загинаа речиси три илјади лица, а американскиот претседател Бајден за уште една година ја продолжи вонредната состојба во земјата, која беше воведена три дена по настаните од 2001 година.
-
Горан Симоновски
Сите содржини од овој новинар
