Живот
29. December 2016 - 14:50

2017 е година на Петелот - Што да очекува секој хороскопски знак

 
Цела надеж е во 2017 година, годината на Петелот. Петелот е симбол на Сонцето, бидејќи од рано утро, со неговото кукуригање започнува денот.
 
На Исток тој е директно поврзан со топлината на Сонцето: Индијците го сметаат за извор на сончева енергија, а Јапонците го нарекуваат првото светло.
 
Кинезите во Петелот гледаат симбол на пет доблести: храброст, добрина, верност, достоинство и добра волја.
 
А сега, што ќе ни донесе Петелот оваа година:
 
ОВЕН: Заслужен одмор!
 
Двете претходни тешки години, кои поминаа под девизата „Цел живот е борба“, остануваат зад вас. За родените во овој знак дојде времето на собирање на плодовите од напорната работа. Иако не може да се каже дека сами ќе паднат под вашите нозе. За да добиете нешто, потребно е само да вложите мал напор и да бидете внимателни.
 
БИК: Дојде времето за уживање во животот!
 
Годината на Мајмунот е зад вас, а тоа значи и минато за неуспесите и поразите и постојаната напнатост. Конечно, дојде времето кога ќе се смирите, опуштите и ќе добиете животно задоволство. Ѕвездите, секако, не гарантираат дека сè ќе оди како подмачкано, но на добра компензација за емоционални и материјални загуби можете да сметате!
 
БЛИЗНАЦИ: Позитивно време!
 
Годината на Петелот, за вас, е полна со радосни искуства и успешни почетоци. Ова, во сите погледи, за Близнаците е позитивно време, кога тие ќе чувствуваат присуство на магија во воздухот.
 
РАК: Збогум за тешкиот товар!
 
Фортуна ќе ве спои со најинтересните луѓе, кои ќе станат ваши верни пријатели, кои ќе бидат способни да влијаат на раст и развој на Раковите, како личности. Некој ќе се соочи со потреба да се ослободи од тешкиот товар, кој веќе долго го влече зад себе.
 
ЛАВ: Сè ќе ви оди од рака!
 
Вие, практично, нема да имате потреба да вложувате борба за профит, за што не сте ни подготвени. Претставниците на овој знак навикнале сè да постигнуваат сами. Затоа ваквата ситуација, кога сè ќе ви оди од раце, малку ќе ве загрижи. Судбината на Лавовите ќе им подари многу непредвидени ситуации, кои, на крај, ќе имаат исклучително поволен исход.
 
ДЕВИЦА: Одлучността ќе ги победи сите искушенија!
 
Од самиот почеток на годината треба да бидете одлучни. Оваа одлучност ќе им помогне на Девиците да се изборат со двоумењата кои Петелот ги подготвил за нив. Најдобро е да изберете мудра тактика и да го користете токот на настаните во своја корист.
 
ВАГА: Било кој проблем, за вас е решлив!
 
Судбината ќе ви понуди многу прилики за подобрување на благосостојбата, потребно е шансите да не се пропуштаат. Прифаќајќи било каква работа, неопходно е да ја вложите целата сила за нејзина реализација, ќе покажете одлучност и самостојност.
 
СКОРПИЈА: На праг сте на големи промени!
 
Скорпиите ќе бидат на праг на големи промени, и проаѓајќи низ нив ќе го поделат својот живот на „до“ и „потоа“. Носени од ветерот на промените, Скорпиите во минатото ќе ги остават своите стари колеги, досадната работа и ќе се впуштат во својот животен бран на трансформација. Промените во животот ќе им го променат погледот на светот.
 
СТРЕЛЕЦ: Изобилие од перспективи!
 
Оптимистичната природа на претставниците на овој знак, и силната енергија ќе отворат пред нив многу перспективи. Тие ќе можат да ги согледуваат проблемите површно, без да се задлабочат во нив, што ќе им помогне во полесно решавање, штедејќи така време и нерви. Како и да се свртите – ѕвездите ќе бидат на ваша страна.
 
ЈАРЕЦ: Доаѓа време да погледнете на себе!
 
Ѕвездите ви препорачуваат правилно да ги поставите приоритетите. Од почеток, обратете внимание на себе си, одвојте време за себе, почнете да работите на својот развој. Новиот поглед на светот ќе ве израдува и се ќе започне да се менува. Проблемите веќе нема да изгледаат толку големи и ќе почнете да пронаоѓате радост во едноставните работи.
 
ВОДОЛИЈА: Ова е ваша година!
 
2017, во секој поглед, е година на Водолиите. Работата е во тоа што претставниците на овој знак, и Петелот како владеачи симбол, се многу блиски по дух. Овие луѓе се креативни, кои не сакаат да преземат тешки задачи за себе.
 
РИБИ: Крај на стагнацијата!
 
2017 година во голема мера ќе стане пресудна за претставниците на овој знак. Пред се поради тоа што во нивниот живот ќе заврши периодот на стагнација, која траела речиси 10 години. Рибите ќе излезат од долгиот сон, ќе го тргнат товарот од себе и ќе почувствуваат неверојатна енергија.