Џет-Сет
28. December 2016 - 9:10

2016 полна со смрт и тага: Почина уште една позната актерка

Светот сеуште се нема опоравено од шокот за смртта на поп-легендата Џорџ Мајкл, а веќе пристигна нова трагична вест. За жал, во смрт замина и познатата холивудска актерка Кери Фишер, која вчера почина во болница во Лос Анџелес.

Кери Фишер е најпозната по улогата на принцезата Лејла во трилогијата „Војна на ѕвездите“, а во Лос Анџелес се враќала по промоцијата на своите мемоари во Лондон.

Кери доживеала срцев удар пред 4 дена во авион, на лет од Лондон до Лос Анџелес. Иако светските медиуми изјавија дека дивата е се подобро, сега оваа вест го шокираше светот.

2016 дефинитивно е година полна со смрт, трагедии и тага.