201 санкционирани возачи на територијата на градот Скопје, 56 од нив за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 201 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 56 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, 34 санкции за недавање првенство на минување на пешаци.
Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, три санкции за возење под дејство на алкохол, четири мерки за возач почетник, три за нерегистрирани возила, 50 за непрописно паркирање...
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Денеска се одбележува Задушница, споменот на починатите
-

Нов пристап за стручни кадри во Штип
-

Обуки за спасители на вода
-

Левица бара интерпелација за министерот Панче Тошковски
-

Започна судењето за апелациониот судија Ѓоко Ристов, кај кого беа најдени 350.000 евра
-

СДСМ: Нема пари за референдум, а има за криминални тендери и нов авион?
-

Подготвени измените на законот за нефер трговија
