Бизнис
8. February 2018 - 19:45

20 компании добија поддршка преку фондот за иновации

Велосипед со филтри за прочистување на воздухот и иновациски центар за осигурителните фирми се само некои од иновациите кои ќе ги финансира Фондот за иновации и државата. Вкупни 1,3 милиони евра од денеска ќе се распределат на 20 компании кои ги потпишаа договорите за четвртиот јавен повик на Фондот и О2 предизвикот. Дел од парите се обезбедени од заемот од Светска банка а дел од Владата.  Добитниците  велат дека средствата се од голема помош за нив. Можат да ги усовршат нивните продукти и да отворат нови работни места.

Иновациите се во фокусот и на третиот столб од владиниот план за економски раст. Премиерот Заев ги повика малдите со креативни идеи да аплицираат.

- Првпат Владата станува партнер за финансирање иновативни проекти на домашни компании. Меѓународниот и технолошкиот развој на компаниите ги поставивме како суштина на новите економски политики. Уверени сме дека токму иновациите и технолошкиот развој ќе бидат едни од генераторите на економскиот развој на земјата и причина заради која младите луѓе ќе ги задржиме да живеат и работат во Македонија, рече премиерот Зоран Заев на доделувањето на договорите на компаниит

Според директорот  на Фондот земјава заостанува многу зад глобалните европски трендови. Во изминатиот период не биле издвојувани пари од Буџетот за иновативните проекти.

Вкупно 36 компании досега земаа пари од Фондот да ги реализираат иновациите. Најголем дел од нив се од ИТ секторот.