Македонија
19. February 2021 - 16:42

20 годишник изнајмил „ауди А5“ па му пратил СМС на издавачот дека го продал во Тетово

СВР Скопје – ЕВР Гази Баба поднесе кривична пријава против А.А.(20) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „затајување“, „фалсификување исправа“ и ,,употреба на исправа со невистинита содржина“. На 07.08.2020 на Меѓународниот аеродром во Скопје, пријавениот склучил договор со фирма за користење на патничко возило „ауди А5“ за период од 07.08. до 15.08.2020 и за услугата платил 34.389 денари, но возилото не го вратил и со смс-порака го известил вработениот дека возилото го продал на лице од Тетово.