20-годишната светска јуниорска шампионка во лизгање починала по паѓање од прозор
Австралиската лизгачка Екатерина Алескандровскаја, светската јуниорка првенка во спорстски двојки од 2017 година, починала на возраст од 20 години откако паднала од прозерец во Москва, потврди во саботата нејзиниот тренер а локалните медиуми наведуваат дека станува збор за самоубиство.
Александровскаја, која е родена во Русија, го освои јуниорскиот златен медал со Австралиецот Харли Винзор, првиот Абориџион кој некогаш се натпреварувал на Зимските олимписки игри во 2018-та во јужнокорејски Пјенгчанг, каде што двојката го освои 18-то место.
Двојката ја заврши соработката во февруари поради „здравствени проблеми“ на Екатерина Александовскаја, кај која била дијагностицирана епилепсија, а патела и од депресија.
Според написите во руските медиуми, младата спортистка оставила проштално писмо коешто наведува дека можеби си го одзела животот.
Нејзиниот партнер Виндзор наведува дека доколку не биле проблемите од психичка природа кај Александровскаја двојката ќе се подготвувала за олимписките игри во 2022. Тој, исто така, потврдил за медиумите дека од семејството на партнерката дознал дека станува збор за самоубиство.
Ново на Сител
-
Ниту Институтот по филозофија при УКИМ не ја одобрува новата концепција за гимназиско образование
-
Тошковски: Безбедносната состојба е стабилна
-
Анализа: Како техонологијата може да ви го спаси животот
-
Србија не се смирува, протестите продолжуваат
-
ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе лекови на реверс од омилената веледрогерија
-
Веќе пет дена гори депонијата кај Прилеп
-
Штипска Онкологија има недостаток од кадар и просторни услови
-
Мицкоски во касарната ,,Гоце Делчев"