-->
-->
20-годишна Индијка родила бебе "џин"
-->

Индијка во Карнатака со царски рез родила бебе тешко 6.8 килогрмаи за кое докторите сметаат дека е најтешкото бебе некогаш родено во таа земја. Ќерката на 20-годишната Нандини тежи онолку колку што тежи бебе од шест месеци.
Докторите за локалните медиуми рекле дека прават тестови се со цел да откријат зошто бебето е толку големо. "Toa e сигурно најголемото бебе некогаш родено во Индија, не знам дали е најголемо на светот, тоа сега не можам да го кажам." рекол др. Венкатеш за ББС.
Покрај тоа што е тешко бебето е и изразено долго. "Бебето е долго 62 сантиметри додека бебињата во Индија во просек се долги до 50 сантиметри", рекол докторот кој се грижи за Нандини и нејзиното бебе.
Според досегашните податоци најтешкото родено бебе во Индија е родено во декември 2015 година со 6.7 килограми а светскиот рекорд го држи бебе кое се родило во Аверси, Италија во септември 1955, а било тешко неверојатно 10.2 килограми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Вард од Скопје: Проширувањето останува приоритет на ЕУ
-

Истече грејс периодот од Брисел, нема измени на Изборниот законик
-

Бизнисот бара, но работници нема
-

СДСМ: Над 2 милиони евра завршиле кај ,,Маратон" и уште една фирма блиска до ВМРО
-

Мицкоски: Ние како владина коалиција го усогласивме нашиот став
-

Капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река
-

Треба да се работи на збогатување на гастрономската понуда
-

Македонската наука во европската мрежа COST
