20-годишен Србин уапсен во Гевгелија - превезувал 28 мигранти

На 13.12.2021 на автопатот Гевгелија – Скопје, полициски службеници од Полициска станица Гевгелија го лишиле од слобода К.А.(20) од Прешево, Република Србија, затоа што при преглед во товарно возило „фиат дукато“, со српски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени 28 лица - мигранти, од кои 25 од Куба (20 полнолетни и 5 малолетни) и 3 од Индија.
Претходно, во 19.20 часот на автопатот на место викано „Нова петла“ во близина на Гевгелија, тој не застанал на даден знак од полициски службеници, а откако бил стигнат запрел, го напуштил возилото и се обидел да избега, но бил фатен и лишен од слобода. Мигрантите биле пренесени во Прифатен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а К.А. бил задржан во Полициска станица Гевгелија.
Во координација со Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
