19 ново заразени со корона вирусот во Македонија, вкупно 67 случаи во земјата
Бројката на новозаболени од коронавирус до 10 часот е 19, а вкупната бројка на заболени во земјата е 67, информира Министерството за здравство.
Оттаму соопштуваат дека вчера попладне и во текот на ноќта преку ИЈЗ на коронавирус биле тестирани 71 лице.
– Од нив две лица се позитивни на вирусот, едно лице од Скопје – контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје и едно од Охрид – дојдено од Бреша, Италија кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од коронавирус во Италија, информира Министерството.
Најголем дел од тестирањата направени преку ИЈЗ се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација.
Од Министерството наведуваат дека на клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот.
-
Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар