Македонија
9. јуни 2022 - 12:09

18-годишен гостиварец паднал од приколка на трактор и тешко се повредил

На 08.06.2022 во 11.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на регионалниот пат с.Градец – Гостивар,  во гостиварски Градец, 18-годишниот А.И. од ова село паднал од приколка на трактор „ИМТ“, со тетовски регистарски ознаки, што го управувал неговиот 23-годишен соселанец И.Р..

Притоа, А.И. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“. Увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.