Македонија
19. September 2021 - 16:51

177 ученици од училиште во Охрид во изолација, наставата продолжува со физичка настава

Професори позитивни на Ковид 19 во изолација испратија 177 ученици од охридското основно училиште Братство Единство.Откако биле во контакт со професорите по македонски и математика од училиштето одлучиле децата одреден период наставата да ја следат онлајн. Директорот Џамал Мехмед за Сител потврди дека станува збор за ученици од предметна настава и тоа шест паралелки од подрачното училиште во Лескајца и паралелките од шесто, седмо, осмо и деветто одделение од централното училиште, ученици кои следат настава на турски јазик. Од локалната пак посочија дека запазени се сите протоколи за заштита во училиштата.

Во изолација има и три одделенија во основното училиште Христо Узунов и во гимназијата Свети Климент Охридски но од општината тврдат дека има услови за безбедна настава бидејќи како што посочуваат изминатиот период подобрени биле условите во сите училишта во градот.

Инаку Охрид и понатаму останува  високо на листата градови со нови случаи на Covid-19. Според податоците на Министерството за здравство само во текот на вчерашниот ден регистрирани се нови 11 позитивни а моментално активни се 663 лица.