Ракомет
6. May 2017 - 9:54

17.45: ЖРК Вардар денеска игра полуфинале со Букурешт

Женскиот ракометен шампион на Македонија повторно е на завршниот фајнал фор од ЛШ во Будимпешта.Во битката за финале ќе ги одмери силите со ЧСМ Букурешт.

Ова ќе биде реприза на ланското полуфинале кога исто така игравме против ЧСМ.
 
„Имаме реприза, имаме шанса за поправен се надевам ќе се подобриме. Имаме индивидуално силна екипа, но ако сакаме да победиме мора да играме тимски. Сезонава имавме и континуитет, но на последните натпревари и некои падови. Тоа е она што ни треба, да одиграме константно сите 60 минути. Сите да го „гризаат паркетот". Само така може да се оствари зацртаното, вели Андреа Пенезиќ која со 87 гола е најдобар стрелец во ЛШ.
 
Но, покрај добрата игра, треба и „коцките да се поклопат", да имаме и добар ден, зашто сѐ се случува за 24 часа. Двата најважни натпревари на сезоната се играат во еден викенд.
 
„Мината година потфрливме, сега сме многу помирни и мислам дека ќе се подобриме. За да ја освоите Лигата на шампионите мора сите коцки да се поклопат. Ова се два натпревари во 24 часа и сѐ може да се случи кога се женски во прашање. Минатата сезона ЧСМ Букурешт имаше перфектен викенд, па треба само тоа да го пресликаме. Ланската сезона имавме голем притисок, сите веќе не сместија во финалето и тоа ни создаде големи проблеми. Треба да бидеме со ладни глави и со врело срце. Секогаш сметам дека одбраната може многу да допринесе за наш успех, вели Андреа Пенезиќ.
 
Натпреварот меѓу Вардар и ЧСМ Букурешт се игра во сабота во 17,45 часот во Ласло Пак Арената ви Будимпешта.