Бизнис
20. March 2018 - 19:40
17.000 српски јајца уништени - зајакнати контроли пред Велигден
Јајцата на македонскиот пазар се безбедни. Во пресрет на велигденските празници од Агенцијата за храна почнаа со засилени инспекциски контроли. Освен магацините, се конотрлираат и граничните прмини- се проверуваат јајцата од увоз. Од агенцијата апелираат и до граѓаните ако забележат сомнителни производи да се обратат до надлежните.
Според производителите кај јајцата кои се увезуваат најважно е да се провери дали тие го содржат кодот на државата од каде потекуваат.
Во Македонија најголем дел од увезените јајца се од Србија. Годинава од таму се внесени над 240 илјади тони.
Освен јајцата инспекторите го контролираат и производствотот и увозот на боја за јајца.
-
Ирена Чачкова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->