Македонија
3. October 2021 - 21:11

17-годишното момче кое загина во сообраќајка е ракометар од РК Охрид

17-годишното момче од с.Лешани кое денес со своето возило излета од патот при што го загуби животот бил ракометар на РК Охрид.

Станува збор за младиот ракометар Јован Николоски, а трагичната вест ја соопштија од раководството на РК Охрид.

„Со длабока тага и неверување ја добивме веста за смртта на нашиот Јован Николоски. Јован имаше само 17 години, настапуваше во младинските категории. Сочуство до семејството од играчите и управата на клубот, почивај во мир, ќе те паметиме засекогаш. ГРК Охрид“, пишуваат на Фејсбук ГРК Охрид.