17-годишна Албанка од Македонија исчезна кај Штутгарт, семејството бара помош

Седумнаесетгодишната Флоринда Зекировски се води како исчезната од 11 јуни 2026 година, откако утрото околу 08:00 часот ѝ се губи трагата во германскиот град Корнвестхајм, во близина на Штутгарт.
Последен пат била забележана кога заминувала на работа во локална градинка во Корнвестхајм. Според информациите од семејството, последниот сигнал од нејзиниот мобилен телефон е регистриран во градот Тибинген.
Во моментот на исчезнувањето носела бела јакна, црни фармерки и сива чанта.
Германската полиција е известена и спроведува истрага на терен, додека семејството и блиските бараат помош и информации за пронаоѓање.
„Доколку сте ја виделе или имате каква било информација што може да помогне во нејзиното пронаоѓање, ве молиме веднаш контактирајте на: +49 176 41256860“, стои во апел објавен на социјалните мрежи.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Игор Митревски, инженер за сообраќај
-

Од утре се очекува значителен пад на цената на горивата
-

Разговорите за владината реконструкција продолжуваат
-

„Кармина Бурана“ ги обедини Скопје, Софија и Солун
-

Живот на батерии до трансплантација на срце
-

Подружница „Македонски пошти“ - Прилеп доби 4 нови возила
-

Нова авиолинија Виена - Охрид
-

Реорганизација и оптимизација на образовниот процес во Штип
