Македонија
30. May 2021 - 10:00

16 прекршувања на забраната за движење, 188 санкции за неносење маска

Од 00.00 часот до 04.00 часот (30.05.2021) констатирано е дека 16 лица не ја почитувале забраната за движење. Во текот на изминатото деноноќие (29/30.05.2021) пак, на територијата на Република Северна Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 188 прекршоци.

Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.